fbpx

Италијанскиот долг сруши нов рекорд

-

Италијанскиот јавен долг се зголеми на 2.200 милијарди евра, што е за 23,4 милијарди евра повеќе отколку во мај, односно долгот сега е повеќе од 132 проценти од БДП. Тој во 2013 година изнесувал 130 проценти, а во 2010 година бил 120 проценти од домашниот бруто-производ на земјата.

Опозициските политичари денеска, по објавувањето на новите податоци на Централната банка на Италија, го критикуваат министерот за финансии, Пјер Карло Падоан, што не го намалил долгот.

Италијанската економија е трета по сила во еврозоната и осма економија во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.