fbpx

Сончево и топло време денеска

-

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен правец, вели известувањето до Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 25 и 36  Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде слично како и во целата земја. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34  Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе се задржи слично време, со висок индекс на УВ зрачење. Минималната температура во вторник ќе биде во интервалот од 12 до 20 Целзиусови степени, а максималната од 30 до 37 степени. В среда утринската температура ќе се движи меѓу 13 и 21 Целзиусови степени, а максималната од 31 до 38 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...