fbpx

Сончево и топло со температура до 32 степени

-

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 Целзиусови степени, а дневната 27 до 32 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура од 12 до 30 Целзиусови степени.

В четврток ќе преовладува сончево и многу топло време со максимална температура до 34 Целзиусови степени, но попладне во планиските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд со грмежи. Од петок попладне ќе настапи позначително дестабилизирање на времето, па во наредните денови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и на засилен ветер, особено в петок и в сабота.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...