fbpx

Сончево и многу топло, со температура до 36 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со натпросечна дневна температура за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој во западните делови од земјата повремено ќе засилува.

Утринската температура се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 34 Целзиусови степени.

Македонија викендов е во жолта (алертна) фаза, поради натпросечната дневна температура за овој период од годината.

Од Министерството за здравство до граѓаните апелираа да внимаваат на своето здравје, особено поради температурните осцилации во изминатиот период. Оттаму порачуваат граѓаните да избегнуваат директна изложеност на сончевите зраци, како и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...