fbpx

Сомнителен пакет пронајден во Белата куќа

-

Северниот дел на Белата куќа е затворен поради сомнителен пакет, соопшти тајната служба, а медиумите јавуваат дека е уапсено едно лице.

Американскиот претседател Барак Обама во моментот на делумното затворање на комплексот бил во Белата куќа. Во близина можеле да се видат и возила на службите на Итна помош.

Според надлежните лица, во тек е потрага дали во комплексот се наоѓа уште некоја опасна материја.

Повикувајќи се на полицијата, локалната радио станица „ВТОП“, јави дека уапсено е едно лице.

Во САД денеска се одбележува Денот на сеќавање на сите загинати припадници на вооружените сили, а Обама претходно ги посети воените гробишта во Арлингтон каде присуствуваше на годишнината од комеморацијата на загинатите војници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...