fbpx
Таг: Бела куќа

таг: Бела куќа

Бајден ќе потпише извршна наредба за регулација на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Џо Бајден ги откри деталите на новата извршна наредба за регулација на користењето на технологија која користи вештачка интелигенција. Таа вклучува наредби за поголема транспарентност од компаниите во однос на податоците што се користат, заштита од дискриминација при користењето на овие алгоритми, како и поддршка за истражувањата кои користат вештачка интелигенција, известува Белата куќа преку соопштение. Од Белата...

Џо Бајден потпиша уредба: поткопувачите на Преспанскиот договор ќе бидат на црната листа на САД

Заедно со други прекршувачи на демократијата и човековите права на Западен Балкан, и противниците на Преспанскиот договор ќе бидат ставени на новата црна листа на Соединетите Американски Држави. Белата куќа вчера објави дека претседателот Џо Бајден потпишал извршна уредба со којашто на црна листа се ставаат голем број политички и други фигури што ги подриваат мирот, стабилноста, демократијата и...

Преку вирално видео се шират дезинформации дека САД се подготвувалe за ковид-19 уште пред повеќе од една година

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Екстремистите планираат слични напади како од 11 септември, тврди Белата куќа

Екстремистите планираат да изведат терористички напад, сличен на тој од 11 септември 2001 година, соопшти Елејн Дјук, вршител на должност министер за внатрешна безбедност на САД. - Терористичката организација Исламска држава и други сакаат да извршат напади како тие од 11 септември. Како што покажуваат разузнавачките податоци, тие сакаат да соборат авион – рече Дјук во американската амбасада во Лондон. Таа...

Синот на Мадуро се закани дека со пушки ќе ја заземе Белата куќа

Гуерa Мадуро, синот на претседателот на Венецуела Никола Мадуро, се закани дека ќе ја заземе Белата куќа со оружје доколку претседателот на САД, Доналд Трамп испрати војска во неговата земја. Белата куќа го осуди режимот во Венецуела поради кршењето на човековите права, а минатата недела Трамп рече дека не ја исклучува можноста за воена интервенција во оваа земја. Синот на Мадуро...

Уште еден отказ во администрацијата на Трамп

Високиот претставник на американскиот Совет за национална безбедност, Езра Коен-Ватник, е последниот во низата претставници на администрацијата на Доналд Трамп што доби отказ. Белата куќа соопшти дека советникот за национална безбедност на американскиот претседател Херберт Мекмастер „ја цени добрата работа која е постигната на одделот за разузнавачки работи, под раководство на Езра Коен“. Како што се наведува, Мекмастер утврдил дека во...

Стејт департмент: Тилерсон нема намера да поднесе оставка

Американскиот Стејт департмент синоќа ги демантираше наводите на „Си-ен-ен“ дека државниот секретар Рекс Тилерсон планира да поднесе оставка поради несогласување со Белата куќа. „Државниот секретар Рекс Тилерсон нема намера да поднесе оставка. Тоа не е точно. Разговаравме со државниот секретар и тој беше јасен - има намера да остане овде. Имаме уште многу работа“, соопшти портпаролката Хедер Науер, додавајќи дека скратениот...

Тилерсон размислува да поднесе оставка, јавува „Си-ен-ен“

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, сè повеќе е незадоволен од начинот на кој функционира Белата куќа, поради што би можел да поднесе оставка, јавува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на неименувани извори. Два извора, кои се добро запознаени со разговорите на Тилерсон и на неговите пријатели надвор од Вашингтон, наведуваат дека кај него се зголемува незадоволството и оти се сомневаат дека наскоро ќе...

Иванка Трамп и официјално стана службеничка во Белата куќа

Иванка Трамп се приклучи кон администрацијата на својот татко како официјално вработена. Таа ќе работи во Белата куќа, но нема да зема плата. Трамп изјави дека „слушнала дека некои луѓе се загрижени што таа ќе го советува претседателот како приватно лице“. Иванка Трамп и претходно најави дека ќе добие канцеларија во Белата куќа и одобрение од Советот за безбедност, но рече...

Белата куќа ѝ го честиташе 60. роденден на ЕУ

Белата куќа ѝ ја честиташе на Европската Унија 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор и од основањето на Европската економска заедница. Белата куќа во соопштението наведува дека двата континенти делат исти вредности и посветеност на унапредување на мирот и на безбедноста. Во пораката на Белата куќа се забележува значителна промена во тонот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој претходно изразуваше...

Белата куќа забрани пристап за неколку медиуми

Белата куќа забрани новинарите од неколку медиуми да присуствуваат на неформални средби со претседателот Доналд Трамп, јавуваат светските медиуми. Администрацијата на американскиот претседател ги забранила брифинзите со новинарите на „Си-ен-ен“, „Би-би-си“,„Њујорк тајмс“, „ЛА тајмс“, „Њујорк дејли њуз“, „Дејли мејл“. Пристапот е дозволен на медиумите кои застапуваат десничарски ставови, како „Вашингтон тајмс“, „Уан америка њуз нетворк“, „Брајтбарт њуз“ и други. Главниот уредник на „Њујорк тајмс“,...

Лавров: Разговорот помеѓу Трамп и Путин значи дека двајцата се почитуваат

Првиот разговор помеѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, помина добро на политичко и на лично ниво, бидејќи покажува заемна почит помеѓу двајцата лидери и желба за соработка, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Според него, овој телефонски разговор покажал дека во низа области им се совпаѓаат интересите на нивните земји. Тој додаде дека треба да...

Меланија и Барон Трамп во Белата куќа ќе пристигнат кога ќе заврши школската година

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека неговата сопруга и неговиот најмлад син, Меланија и Барон, во Белата куќа ќе се вселат откако ќе заврши учебната година. Трамп на 20 јануари 2017 година ќе биде инаугуриран како 45. американски претседател. Учебната година во Америка завршува на крајот на пролетта или почетокот на летото. Трамп ова го изјави откако во јавноста излезе информација дека неговата сопруга...

Трамп ги избра првите соработници и повика да се смират расистичките напади

Новоизбраниот претседател на САД, Доналад Трамп, го наименува претседавачот на Републиканската партија, Рајнс Прибус, за шеф на кабинетот во Белата куќа, а конзервативниот медиумски менаџер Стивен Бенон за свој главен советник. Прибус е вашингтонски ветеран со широки врски во Републиканската партија, особено со претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан. Ниту Прибус, ниту Бенон имаат поголемо искуство во извршната власт. Трамп...

Канадска веб-страницата за имиграција се сруши од многу посети по победата на Трамп

Канадската веб-страна за имиграција www.cic.gc.ca/website се урна од преголема посетеност од страна на Американците за време на одржувањето на претседателските избори, јавуваат светските медиуми. Американците се шегуваа дека ќе се преселат во Канада доколку победи Трамп, но таа нивна шега голем број од нив сериозно ја сфатија. Тие масовно почнале да ја посетуваат веб-страницата за имиграција откако за време на...

САД особено ја ценат врската со Турција

САД особено ја ценат врската со својот НАТО-сојузник, Турција и ги повикуваат сите страни да покажат воздржаност и да постапуваат во рамките на владеење на правото, по неуспешниот обид од државен удар во таа земја, соопшти Белата куќа. - САД силно ја поддржуваат демократски избраната влада на Турција и демократските институции на таа земја – изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест,...

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари годинава, што е за шест милијарди долари помалку од очекуваното, соопшти канцеларијата за управување со буџетот на Белата куќа. Според новите проекции, дефицитот ќе изнесува 3,3 отсто од домашниот бруто-производ. Сепак, прогнозираниот дефицит е за 162 милјарди долари поголем од минатогодишниот. Администрацијата на претседателот Барак Обама предвидува дека економијата во САД...

Сомнителен пакет пронајден во Белата куќа

Северниот дел на Белата куќа е затворен поради сомнителен пакет, соопшти тајната служба, а медиумите јавуваат дека е уапсено едно лице. Американскиот претседател Барак Обама во моментот на делумното затворање на комплексот бил во Белата куќа. Во близина можеле да се видат и возила на службите на Итна помош. Според надлежните лица, во тек е потрага дали во комплексот се наоѓа...

САД го осуди нападот на бегалскиот камп во Сирија

Белата куќа соопшти дека не постои начин да се оправда воздушниот напад врз бегалскиот камп во Северозападна Сирија, во кој се убиени 28 лица. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дена нема „оправдано извинување“ за воздушниот напад во кој загинаа невини цивили, кои веќе ги напуштиле своите домови бегајќи пред насилството. Тој ја опиша таквата ситуација како особено трогателна. Ернест рече дека е...

Обама: Избегнувањето плаќање данок е глобален проблем

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа изјави дека избегнувањето плаќање данок е глобален проблем. Обама се обрати до јавноста по скандалот што го предизвика објавувањето на „Панама пејперс“, од кои протекоа имиња на компании и на поединци што избегнувале да платат данок преку офшор-компании. Тој ги поздрави чекорите на министерството за финансии кои би требало да ја спречат практиката на корпорациите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...