fbpx

СЈО: Од медиумите дознаваме за кривичната пријава против тројца наши обвинители

-

Досега никој од тимот на Катица Јанева не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство, велат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за „24 Вести“.

Специјалното јавно обвинителство од медиумите дознало дека се поднесени кривични пријави против тројца обвинители од тимот на Јанева.

Тие се сомневаат дека некој се обидува да му наштети на новото обвинителство бидејќи од внатрешниот распит на обвинителите било утврдено дека никој од соработниците на Јанева не барал поткуп, ниту вршел притисоци на приватни лица, во корист на специјалното обвинителство.

„Сите наши обвинители беа прашани и во службената евиденција е забележано дека никој не постапил надвор од законските овластувања. Доколку тие кривични пријави се поднесени само паушално, без материјален доказ и се потпираат само на нечии изјави, тоа е лажно пријавување, ѝ штети и на институцијата, но и на личниот интегритет на обвинителите што работат таму“, велат од Специјалното јавно обвинителство.

Утре Катица Јанева пред комисијата во Советот на јавни обвинители ќе треба да образложи зошто обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева беа исклучени од нејзиниот тим. Таа пред Советот на обвинители треба да образложи и дали е направен записник при примањето на материјалите од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...