Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основа за сомнеж дека во текот на јануари, неовластено набавил и подготвил за улична продажба поголемо количество марихуана.
Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 25 јануари полициски службеници го забележале малолетникот во близина на неговиот дом и при извршеното легитимирање кај него пронашле поголемо количество марихуана, спакувана во едно најлонско кесе.
Малолетникот бил приведен и со него извршен е разговор во присуство на родител, а со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом, при што било пронајдено едно најлонско кесе во кое имало 12 помали пакувања марихуана.
По извршеното вештачење на пронајдените пакувања, утврдено било дека марихуаната е со вкупна маса од 440,34 грама.