fbpx

Шекеринска: Очекуван и срамен е молкот на Иванов

-

„Очекуван и срамен е молкот на Ѓорге Иванов“, вели заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, на прашањето како го толкува однесувањето на претседателот на државата во однос на аферите со прислушувањето и политичката криза што произлезе од нив.

– Начинот на кој беше избран, начинот на кој ја практикуваше својата функција во изминатите пет години, не нè тераше да очекуваме нешто повеќе. Но, во ситуација кога Македонија е во сериозна криза, навистина и ние сме шокирани дека тој продолжува да биде само нем сведок. Власта излезе со серија смешни лаги, а тој не собра сила да свика ниту Совет за безбедност додека неговите соработници тврдат дека овде „ровареле“ странски служби. Тоа покажува дека ниту Иванов не верува во лагите на Груевски – изјави Шекеринска.

Според, заменик-претседателката на СДСМ, изјавата на поранешниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, дадена за „Дојче веле“, покажува две работи: дека снимките се автентични и дека власта правосудството и обвинителството ги гледала и третирала како своја продолжена рака.

– Тој е еден од најблиските на врхушката околу Груевски, кој потврди дека снимките се автентични и тој самиот со својата изјава потврдува дека ниту некој креирал ниту некој монтирал разговори. Во исто време, тој потврди како власта гледала на правосудството и на обвинителството. Тоа е кршење на основните уставни начела. Тоа ни покажува зошто во сите овие години, јавното обвинителство ниту еднаш не се охрабри да поднесе кривична пријава против кој било од власта. Шврговски со изјавите ги демантираше Груевски и неговоте блиски за сите лаги што ги шират овие денови – вели Шекеринска.

Tаа вели дека бланко-мениците на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеби се причината поради која парламентот молчи за актуелната криза и за аферата со прислушувањата.

– Кој е тој парламент кој може да ја контролира власта ако луѓето во власта држат меници или пишани оставки. Мислам дека сега и на премиерот ќе му биде тешко да тврди дека нема диреткна контрола над судбините на своите пратеници. Можеби тоа е причината зошто парламенотот сè уште молчи на овие скандалозни откритија, кои покажуваат дека Македонија е окупирана или киднапирана земја од неколкумина луѓе од власта – смета Шекеринска.

Таа не сакаше да го коментира вклучувањето на меѓународни тимови во процесот на решавање на кризата, кој, како што истакна, сè уште бил во зародиш.

Шекеринска, во одговор на новинарско прашање, го повтори ставот на СДСМ во однос на меѓународни експерти кои би го надгледувале правниот процес за предметите „Пуч“ и „Прислушување“. Таа вели дека прв чекор „за да имаме елементарно пристојна постапка“ е актуелниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, да си поднесе оставка, а истото, според неа, треба да го стори и раководителот на одделението за органзиран криминал, Јово Илиевски.

– По тие две оставки, има шанси обвнителството да се ослободи од притисокот и, во тој случај, меѓународно надгледување, и тоа сериозно, со јасен мандат, ќе биде плус – вели Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...