This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Oct 17 5:35:42 2018 / +0000 GMT

Се отвори Саем за мебел 2018 во „Борис Трајковски“




Од денеска почна 44. издание на Саем на мебел 2018 кој се одржува на нова локација, комплексот ВИП арена „Борис Трајковски“ и ќе трае до 14. октомври. На Саемот има повеќе од 70 изложувачи, над 150 брендови и странски изложувачи на површина од 8.000 метри квадратни.

„Посетителите Саемот ќе го видат во целост, протоколот на движење е направен според системот на „Икеа“ каде сите потребни нешта за едно домаќинство ќе се продаваат по неверојатни саемски попусти”,  изјави проект-менаџерот на Саемот на книгата, Сања Кондарко.

Во рамките на Саемот, денеска од 12 до 14 часот ќе се одржува дебата наменета за стручната јавност, на тема „Копирањето е опасно - оригиналот е за восхит”. Билетите се веќе во продажба преку онлајн сервисот „мк тикетс“ и на билетарата на Саемот на мебел. Билетите купени онлајн се со приоритетна брза лента на движење.

Работното време на саемот е секој ден, вклучувајќи го и 11 октомври од 10 до 20 часот.

Post date: 2018-10-09 10:11:15
Post date GMT: 2018-10-09 08:11:15
Post modified date: 2018-10-09 10:11:15
Post modified date GMT: 2018-10-09 08:11:15

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com