петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Борис Трајковски | 25 резултати

Oдбележана 19 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

26 февруари 2023

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддадоа почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски. Со државнички церемонии беше одбележана 19 годишнината од авионската несреќа, во која животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. „Владата е определена кон […]

Отворен конкурсот за стипендијата „Борис Трајковски“ за втор циклус студии

13 септември 2022

Отворен е конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на извршната МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година. Стипендијата „Борис Трајковски“ е заедничка понуда од Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Претседателот на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука и се доделува на вкупно 20 […]

Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

26 февруари 2022

Државниот врв денеска ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа, како и екипажот на авионот, кој се урна кај Мостар, Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година. Делегација на Република Северна Македонија, составена од претставници на Владата, Кабинетот на претседателот и […]

Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии

6 декември 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“, за академската 2021/2022 година, за студии од втор циклус за Пан-европската извршна МБА програма на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека инвестирањето во образованието на младите бизнис лидери е најсигурната инвестиција […]

МЗ: Од денеска вакцинација и во малата сала од А1 СЦ Борис Трајковски

26 август 2021

Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала од A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. „Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин.Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата,“ се […]

Денеска се одбележува 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

26 февруари 2021

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните […]

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворен простор кај СЦ „Борис Трајковски“

27 август 2020

Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти, информираат организаторите. „Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и […]

Заев го доби мандатот за нова влада, вети почитување на Охридскиот и договорите со Грција и Бугарија (Галерија)

13 август 2020

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска напладне од претседателот на државата Стево Пендаровски го доби мандатот да формира нова влада, за која рече дека ќе биде стабилна, европски ориентирана и отчетна. Заев рече дека со ДУИ сè уште се преговара, но не сакаше да открива детали за да не станат преговорите „медиумски“, но вети дека […]

Прв круг со најмала разлика во последните пет избори (инфографик)

22 април 2019

Првиот круг од претседателските избори што се одржа вчера ја има најмалата разлика во гласови меѓу двајцата кандидати на последните пет круга претседателски избори, односно Стево Пендаровски освои само 4.606 гласови повеќе од Гордана Сиљановска – Давкова. Поради тоа, многу се мали и шансите за успешно предвидување на исходот од вториот круг, ако се обидуваме […]

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот

20 февруари 2019

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот кои ќе настапат на третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Скопје он ајс 2019“ (Skopje on ICE 2019“), на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“. Љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на повеќе од 70 натпреварувачи од кај […]

Се отвори Саем за мебел 2018 во „Борис Трајковски“

9 октомври 2018

Од денеска почна 44. издание на Саем на мебел 2018 кој се одржува на нова локација, комплексот ВИП арена „Борис Трајковски“ и ќе трае до 14. октомври. На Саемот има повеќе од 70 изложувачи, над 150 брендови и странски изложувачи на површина од 8.000 метри квадратни. „Посетителите Саемот ќе го видат во целост, протоколот на движење е […]

Заев и Борисов се поклонија пред споменикот на Борис Трајковски во Струмица

23 ноември 2017

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, пред почетокот на заедничката седница на владите на двете земји, положија венци свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, во Струмица. На седницата, која е резултат на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, се разговара за продлабочување на соработката во […]

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

8 септември 2017

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот […]

Навивачите ќе може да се дружат со Лазаров и со другите ракометни репрезентативци

17 јуни 2017

Во пресрет на клучниот натпревар против Чешка од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Хрватска во 2018 г., навивачите денеска ќе имаат можност да се дружат со машката ракометна репрезентација. Настанот во чии рамки селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров и уште неколку репрезентативци ќе бидат на располагање за потпишување […]

Делегации на партии и на институции положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски

26 февруари 2017

Делегација на СДСМ, во состав Диме Велковски, Цветанка Ласкова и Дарко Давитковски, положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски, на 13-годишнината од неговата смрт. – СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Македонија, кој посветено работеше на соработка и на […]

Денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

26 февруари 2017

Со повеќе настани денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа во близина на Мостар. Цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот […]

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

13 април 2016

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа […]

Владина и градска делегација положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски

26 февруари 2016

Делегација предводена од секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, и од членот на Советот на Град Скопје, Бранислав Саркањац, денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, и на гробовите на дел од загинатите во авионската несреќа, погребани во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел. На гробот на претседателот […]

Одбележана годишнина од смртта на Трајковски пред спортскиот центар

26 февруари 2016

По повод 12-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска пред споменикот поставен во негова чест, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се оддржа пригодно чествување. Свежо цвеќе пред спомен-обележјето положи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставникот на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче […]

Обвинителство: Нема нови околности во истрагата за смртта на претседателот Трајковски

26 февруари 2016

До овој момент и од досега утврдените факти во истрагата, како и од извештајот од Меѓународната комисија за испитување на причините за авионската несреќата во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски, не произлегле нови околности што би довеле до „донесување на поинаква одлука од претходно донесената резолуција“, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Јавното обвинителство на Република […]

Страна 1 од 2