fbpx

Се јави МКГ, бара македонско-косовска истрага за Куманово

-

Во врска во последните случувањата околу политичката криза и настаните во Куманово пред точно два месеци, денеска со извештај се јави и Меѓународната кризна група (МКГ). Во текстот со наслов „Македонија: Деактивирање на бомбите“ меѓу другото се предлага заедничка македонско-косовска истрага за инцидентот во Диво Насеље со експертска помош од ЕУ и од САД.

За дводневниот судир меѓу македонската полиција и терористичката група во резимето на извштајот на МКГ се вели дека „највисоките македонски и косовски власти имаа сознанија за дел од активностите на групата, но голем дел од работите остануваат загрижувачки нејасни (обскурни), односно што планирала групата во Македонија, врските и јатаците од двете страни на границата и многу детали за полициската операција“.

Во извештајот е даден широк осврт на материјалите од „бомбите“ и нивната содржина, која упатува на можни злоупотреби од високи претставници на власта.

Од МКГ препорачуваат ЕУ, која е директно инволвирана во решавањето на политичката криза, да го удвои својот напор и да ги натера македонските лидери да постигнат заеднички договор за:

  • Преку нормална парламентарна процедура да се организира преодна влада, која ќе ги спроведе реформите, неопходни за одржување кредибилни избори во април 2016 година, особено оние кои се однесуваат на гласачките листи, еднаквиот пристап во медиумите и злоупотребата на функцијата за партиски цели;
  •  Усвојување закон во Собранието со кој ќе се формираат две независни комисии (А и Б), двете со можност да бараат и да добиваат експертска помош од ЕУ, САД и од други страни. Мандатот на комисијата А да помага и да ги надгледува подготовките на транзициската влада за изборите. Мандатот на Б ќе биде да ги разгледа снимките од прислушуваните разговори и да спроведе истрага околу наводите за криминал и за корупција што произлегуваат од нив.

Меѓупартскиот договор, според МКГ, треба да ги обврзе македонските лидери на:

  • Заедничка македонско-косовска истрага за инцидентот во Куманово, со експертска помош од агенциите на ЕУ и на САД, за да се подобри безбедносната ситуација и да се спречат слични напади во иднина и
  • Подобрување на билатералните односи со Косово, како, на пример, преку одржување редовни заеднички состаноци и соработка во надгледувањето на заедничката граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...