!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

СДСМ: Ребалансот на буџетот ги пренасочува парите кај граѓаните


       
Скопје, 17 јули, 2017 - 16:08 (META) 

Не постои поголемо и поштетно задолжување од тоа што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11-годишното криминално владеење, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот.

Од владејачката партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ се задолжувала расипнички, тајно и нетранспарентно, а парите од скапите задолжувања ги трошела непродуктивно, за луксузирање и за криминално богатење на поединци.

„Таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните, резултираше со јавен долг од повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ, со околу 500.000 осиромашени граѓани и повеќе од 180.000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно. Ребалансот на буџетот е првиот чекор кон поправање на економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите кај граѓаните. Преку ребалансот се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за придвижување на економијата и за севкупен економски пораст“, се вели во соопштението.