fbpx

Рударите бараат стечај за рудниците Добрево и Тораница

-

Сидникатите на рудниците Добрево и Тораница сметаат дека брзото завршување на предстечајната постапка и прогласувањето стечај е најдоброто решение за нив, по повеќе од два месеци штрајк. Рударите во тој случај ќе добијат шестмесечен надомест со здравствено осигурување.

Вработените веќе три месеци немаат земено плата, а засега нема никаков одговор од раководството на „Индоминерали и метали“. Рударите велат дека извршителите им тропаат на врата и дека повеќе не можат да ги плаќаат ратите за кредитите. Со прогласувањето стечај, тие велат дека барем привремено ќе бидат обезбедени.

Во Основниот суд во Штип веќе се води предстечајна постапка за „Индоминерали и метали“. Скопска фирма која ја одржуваше опремата и механизацијата на рудниците, минатиот месец побара преку стечај да си ги наплати побарувањата.

Во меѓувреме, дел од рударите заминаа на печалба во рудниците во соседните земји. Некои се во Косово, други во Србија, а неколку помлади рудари, според синдикатот, среќата ја побараа и во Босна и Херцеговина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...