fbpx

„Реактор“: СДСМ и ДУИ со поголема вклученост на жените отколку ВМРО-ДПМНЕ

-

СДСМ и ДУИ во споредба со другите партии во поголема мера го вклучиле родовиот аспект во своите програми, се вели во родовата анализа на „Реактор истражување во акција“ на изборните програми на политичките партии.

– Програмите на овие две партии предлагаат мерки за економско зајакнување на жените, справување со насилството врз жените и за поголема вклученост на жените во носење на одлуки, но имаат и различни аспекти кои се опфатени во програмите. ВМРО-ДПМНЕ во помала мера го вклучува родовиот концепт во предлог-мерките. Од вкупно 17 области, само во четири се споменуваат жените – се вели во анализата на „Реактор истражување во акција“.

Истражувањето, исто така, покажува дека кај помалите политички партии, Левица најмногу се осврнува на правата на жените работнички, Либерална партија ги идентификува жените како еднакви чинители во општеството и се осврнува на нивните сексуални и репродуктивни права, додека Демократски сојуз во својата програма се осврнува само на учеството на жените во процесите на одлучување.

– Од вкупно 58 поднесени кандидатски листи, само на четири листи се носителки жени. Од поднесените листи може да се заклучи дека голем број жени кои биле дел од проекти и од обуки за зајакнување на капацитетите на жените политичарки, овојпат не се ставени на кандидатските листи. Носителките на кандидатските листи се од СДСМ, Либералната партија, Левица и од Демократски Сојуз – се додава во истражувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...