fbpx

Проектот „Компјутер за секое дете“ оди во историјата, нема да има наследник

-

Иако за „Мета“ неодамна заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, најави наследник на проектот „Компјутер за секое дете“, министерот Арбер Адеми денеска изјави дека тоа сепак нема да се случи.

Во буџетот за оваа година не се предвидени пари за компјутерски уреди за учениците.

– Не велам дека е лоша идејата за компјутери во училиштата, но треба да се има предвид дека со минатиот проект, имаше потфрлања при реализацијата. Потребни ни се консултации од експерти пред да воведеме повторно вакво нешто во образовниот систем. Во насока на дигитализација на наставата, заедно со Министерството за онформатичко општество, работиме на проект за мрежно поврзување на училиштата, да имаат подобра поврзаност, но пари за нови компјутери нема – рече Адеми.

Пред извесно време, Атанасов за „Мета“ изјави дека дигитализацијата на наставата е промена која мора да се случи.

– Ќе работиме на тоа да ја дигитализираме наставата. Тоа подразбира обезбедување повеќе ресурси, опремување на училиштата и овозможување алатки за да можат децата да учат од модерни помагала – изјави тогаш Атанасов.

Според евиденцијата на Држвниот просветен инспекторат, едвај една тгретина од компјутерите од „Компјутер за секое дете“ се користат во настава. Тие беа набавени пред 12 години. Овој проект беше жестоко критикуван од тогашната опозиција која обвинуваше дека е проект за перење пари, за кој официјално, никогаш никој не обелодени колку точно пари ја чинеше државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...