fbpx

Прибе: Од суштинско значење е да се обезбеди кривична одговорност на сите сторители

-

Поминаа речиси две години откако СЈО почна со работа и никој, всушност, не е осуден, а тоа создава перцепција за неказнивост, се вели во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе, која во јули престојуваше во Македонија.

Постои дупка помеѓу легислативата и нејзината примена. Групата генерално смета дека однесувањето на некои функционери може да биде најголемата пречка за реформите правилно да се применат.

Во извештајот се вели дека важни сектори, како судството, бараат системски реформи базирани на инклузивен и на транспарентен процес. Од таму препорачуваат дека подготовката треба да почне веднаш, но дека реформите не треба да се брзаат.

„Довербата треба да се обнови. Постои широко распространета перцепција во земјата дека во последните години одлуките беа политизирани, дека партиите ја презедоа сопственоста врз државата, дека носителите на функции имале судир на интереси и дека ја „помешале“ нивната официјална функција со нивната партиска/лична агенда. Скандалот со прислушувањето претставува масовно прекршување на фундаменталните права“, пишува во извештајот.

Според експертската група, од суштинско значење е реформите во безбедносниот сектор, особено во однос на следењето на комуникациите, да се спроведуваат како итни. Тие нагласуваат дека е имплементирана само една од дванаесетте препораки од 2015 година во областа на судството и на обвинителството.

„Многу од практиките што беа обелоденети во извештајот за 2015 година продолжија. Контролата и злоупотреба на судскиот систем од мал број судии на моќни позиции за да служат во промовирање на политичките интереси не се намалила значително. Постои опасност дека некои личности во новата влада може да бидат во искушение, под изговор дека дејствуваат против престапниците, да ги заменат судиите кои неправедно постапувале, со други кои се подготвени да постапуваат за нив на сличен, неприфатлив начин. Од суштинско значење е новите власти да отстапат, да ја почитуваат поделбата на власта и да му овозможи на судството да функционира како независна рака“, заклучува експертската група.

И покрај критиките, опструкцијата и некооперативниот став на широк опсег на клучни институции, вклучувајќи го и обидот на претседателот да ги помилува сите, дури и оние кои не се под истрага, Прибе смета дека СЈО покажува посветеност и компетентност.

Експертската група нагласува дека од суштинско значење е да се обезбеди кривична одговорност на сите наводни сторители, без оглед на нивната политичка припадност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...