среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Рајнхард Прибе | 22 резултати

Медениот месец на Владата заврши, препораките на Прибе останаа, порача Попоски

септември 20, 2017

Корисно е практиките од првите 100 дена на Владата да се напуштат во пресрет на реформите за кои е неопходен национален консензус, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, на денешната седница на Националниот совет за европски прашања при Собранието на Република Македонија, на која беше конституиран новиот состав. – Владиниот меден месец заврши, препораките од […]

Што препорачува Прибе за медиумите: Ослободување од ДДВ, намалени даноци…

септември 15, 2017

Констатирајќи дека состојбата на медиумите во Македонија е поприлично лоша, вториот извештај на Рајнхард Прибе објавен вчера, дава низа препораки за подобрување на медиумската сфера. „Спроведувањето на сите препораки, вклучувајќи ги и главните препораки од 2015 година, е неопходно за справување со системските проблеми на медиумите“, се вели во извештајот. Владата мора да стори сè за […]

Извештајот на Прибе е реален и ќе го користиме за надградба на планот „3-6-9“, велат од Владата

септември 15, 2017

Извештајот на Прибе објавен денеска дава реална слика за системските и долгогодишни предизвици кои оваа Влада ги наследи по преземањето на власта во јуни 2017 година, затекнувајќи заробена држава, се вели во реакцијата на Владата на новиот извештај на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе. „Токму во првите 100 дена од работењето, […]

Прибе: Од суштинско значење е да се обезбеди кривична одговорност на сите сторители

септември 15, 2017

Поминаа речиси две години откако СЈО почна со работа и никој, всушност, не е осуден, а тоа создава перцепција за неказнивост, се вели во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе, која во јули престојуваше во Македонија. Постои дупка помеѓу легислативата и нејзината примена. Групата генерално смета дека однесувањето на некои функционери може да биде најголемата пречка […]

Поповски и Прибе разговарале за владиниот план за реформи во медиумската сфера

јули 20, 2017

Министерот без ресор задолжен за комуникација, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска имал средба со експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе, на која било разговарано за мерките и за планот на Владата за реформите во медиумската сфера. Поповски, како што соопштија од Владата, во елаборацијата на чекорите и на мерките што […]

Судиите од Кривичен се сретнаа со Прибе, бараат да бидат вклучени во реформите

јули 17, 2017

Судиите од Основниот суд Скопје 1 денеска имале средба со Рајнхард Прибе и со неговиот тим на експерти, на која било истакнато дека извештајот и препораките на работната група на Прибе од 2015 година „се основа за реформите во судството“. Судиите на средбата истакнале дека е „потребно нивно поактивно вклучување во процесот на подготвување решенија […]

Вангеловски на Прибе и на тимот им го презентирал својот план за реформи во судството

јули 17, 2017

Рајнхард Прибе и неговиот тим експерти од денеска се во посета на земјава, во рамките на нивниот ангажман од страна Европската комисија да ѝ помогнат и да ја советуваат Владата во спроведувањето на системските реформи за владеење на правото. Експертот на Европската Унија и неговиот тим денеска имале средба со претседателот на Врховниот суд, Јово […]

Вангеловски побарал од Прибе во реформите активно да бидат вклучени и судиите

јуни 27, 2017

Актуелната состојба во судството и препораките од извештајот на експертската група на Европската комисија од 2015 година биле во фокусот на средбата меѓу претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и експертот на Европската Унија, Рајнхрад Прибе. На средбата, како што соопштија од судот, Вангеловски истакнал дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со […]

Прибе: Неопходна е мобилизација на институциите за спроведување на реформите

јуни 27, 2017

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаа работен појадок со експертот од ЕУ за реформските приоритети, Рајнхард Прибе. Димитров изразил благодарност за ангажманот на експертскиот тим предводен од Прибе, кој со прецизното детектирање на недостатоците во неколку клучни области придонесе во процесите за надминување на политичката криза. […]

Прибе на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

јуни 27, 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен појадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата […]

Прибе утре на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

јуни 26, 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен пoјадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата […]

Хан и Прибе утре во Скопје на разговори за имплементација на реформите

јуни 25, 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Скопје на средби со премиерот Зоран Заев, владини претставници, како и со лидери на политичките партии. Главен фокус на неговата посета е имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино. Од Европската комисија соопштија дека еврокомесарот со новата влада ќе разговара […]

Хан пред посетата на Скопје: И Владата и опозицијата да се фокусираат на реформите

јуни 23, 2017

Новата Влада и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата и на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат Македонија на патот кон Европската Унија, се вели во денешното соопштение на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во пресрет на неговата посета на земјава, закажана за понеделник. „Земјата, […]

Прибе на предавањето во Охрид одби да даде политичкa изјавa

јуни 23, 2017

Германскиот експерт што го подготви извештајот за реформските приоритети кои се составен дел од Договорот од Пржино, Рајнхард Прибе, денеска во Охрид одржа предавање пред учесниците на еднонеделната Школа на природно право, која се одржува во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Амбасадата на САД во Македонија. Прибе во изјавата за медиуми не […]

Прибе в петок на Охридската школа на природното право

јуни 20, 2017

Рајнхард Прибе, раководителот на комисијата што во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи кои земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ, в петок во Охрид ќе одржи предавање на Охридската школа на природното право „Демократија и владеење на правото“. Неговото пристигање во […]

В понеделник ни доаѓа Хан, во вторник Прибе

јуни 19, 2017

„Посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и неговото учество на отворена владината седница е најверојатно преседан за Македонија, со што се создава нова клима. На Хан ќе му предложиме нацрт-план со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети“, рече вицепремиерот Бујар Османи во Владата денеска, најавувајќи ја агресивната кампања што во следниве неколку месеци треба […]

Хан повторно го испраќа Прибе да помогне со реформите за владеењето на правото

јуни 7, 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска соопшти дека во земјава повторно ќе испрати независна група правни експерти, предводени од Рајнхард Прибе, која треба да помогне и да ја советува новата Влада околу прашањата за владеењето на правото. Испраќањето на експертската група, вели Хан, е дел од подготвеноста на Европската Унија да […]

Заев – Алтхаузер: Реформи во судскиот систем и СЈО целосно да си ја заврши работата

јануари 11, 2017

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер. Тие разговарале за потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и за формирање нова и силна Влада, посветена на реформските приоритети. На средбата, како клучни биле посочени препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе. Заев и Алтхаузер […]

Страна 1 од 1