fbpx

Попоски: ОБСЕ е клучна за изборниот процес во Македонија

-

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, се обрати на втората сесија на годинешното Парламентарно собрание на ОБСЕ, „Развој на демократски институции и човекови права во ЈИЕ“, што се одржа во Скопје.

– Активностите на ОБСЕ во континуитет се имплементираат преку заеднички програми во функција на клучните државни приоритети. На овој начин ги поттикнуваме реформските процеси, истовремено исполнувајќи ја европската агенда – истакна Попоски во неговото обраќање.

Како особено важна, тој ја истакна улогата на ОДИХР во надзорот на изборните циклуси, години наназад, но и изборни циклуси што допрва следуваат.

Попоски одржа и работен појадок со генералниот секретар на ПС на ОБСЕ, Роберто Монтела, и со амбасадорите на Швајцарија, Украина и на Латвија при ОБСЕ во Виена. Главни теми на состанокот беа политичките предизвици и изборните подготовки во Македонија, како и мигрантската криза.

Во таа насока, согoворниците изразија уверување дека за претстојните предвремени парламентарни избори ќе биде организирана масовна набљудувачка мисија на ПС на ОБСЕ, ОДИХР и на други релевантни меѓународни институции, за евалуација на изборниот процес што треба да ја врати Македонија високо на европската агенда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...