!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Поетската книга „Еверест“ објавена на македонски јазик


       
Скопје, 30 ноември, 2016 - 12:22 (META) 

„Македоника литера“ од Скопје го објави поетското дело „Еверест“ од наградуваниот хрватски писател Драго Гламузина, во превод од хрватски на македонски јазик на Нове Цветаноски.

Гламузина во оваа книга пишува за луѓето кои сè уште чувствуваат, кои сакаат да го живеат задоволството, а секое задоволство скапо го плаќаат, но и живеат и копнеат за „другиот“. Еросот, неверствата, љубовните триаголници, интригите и партнерските односи се доминанти мотиви, како и во сите досегашни книги на овој автор.

Драго Гламузина е роден во 1967 во Вргорац. Компаративна книжевност и филозофија дипломирал на Филозофскиот факултет во Загреб. Автор е на книгите „Месари“ (поезија, 2001 г.), „Три“ (роман, 2008 г.), „Тоа ли е сè“ (поезија, 2009 г.), „Еверест“ (поезија, 2016 г.), како и на книгата поезија со фотографии на Станко Абаџиќ, „Сами во шумата“ (2011 г.).