fbpx

Почна релокацијата на бегалците од Идомени кон бегалските центри

-

Грчката влада почна со релокација на бегалците од Идомени во бегалските центри. Акцијата започна во шест часот утринава. За сега нема информации за инциденти или насилство при обидот да се релоцираат бегалците. Досега шест автобуси со 340 бегалци веќе заминаа од Идомени кон бегалските центри, а уште 30 автобуси се на стенд бај во кампот, подготвени да ги пренесат и другите.

Целта, според информациите, е денес да се пренесат околу 2.000 луѓе од Идомени. Потпаролот на координативното тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис изјави дека акцијата се одвива без проблеми и полека. Тој рече дека се чека на бегалците да се разбудат полека, да се спакуваат и да почнат да се качуваат во автобусите.

Владата се надева дека во следните неколку дена ќе успее да релоцира околу 8.500 бегалци од Идомени до бегалските центри на периферијата на Солун и низ другите центри во државата. За бегалците во соработка со УНХЦР се обезбедени и 660 станови во Солун.

Идомени од доцна ноќеска е целосно изолирано. Во кампот има само полиција, униформирани и во цивилна облека, кои ги информираат бегалците дека мора да заминат од кампот. Полицијата има наредба акцијата за релокација да биде мирна, без употреба на сила и насилство. Не им е дозволен пристап, ниту на волонтерите, ниту на новинарите. Во кампот се наоѓаат само акредитираните невладини организации, како што е УНХЦР. Во Идомени се пуштени само новинарите од грчката државна телевизија ЕРТ, а според информациите на Твитер, објавени од грчките новинари, полицијата најавила приведување на волонтери кои без дозвола ќе се најдат во кампот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...