fbpx

Побарана нова регулатива за сезонското вработување во туризмот

-

Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), заедно со Македонската хотелска асоцијација (ХОТАМ), бара измени и дополнувања на законската регулатива што се однесува на ангажманот на сезонските работници во туризмот.

Двете асоцијации предлагаат нов модел за пријавување и за плаќање на сезонските работници, по т.н. систем на дневни купони, со што значително ќе се поедностави пријавувањето на овие работници, ќе се зголеми нивната социјална сигурност и ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.

– Предлозите кои се однесуваат на ангажманот на сезонските работници ќе ги доставиме на усвојување пред социјалните партнери, штом се создадат услови за тоа, најверојатно веднаш по завршувањето на парламентарните избори – вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски, вели дека сегашното решение за прераспределба на работното време во Законот за работни односи е недоволно прецизно и предизвикува проблеми во примената.

– Разгледавме и искуства од оваа област во други земји, како што е Словенија, кои сметаме дека се применливи и кај нас. Исто така, ја разгледуваме и идејата законски да се дорегулира сезонското ангажирање во туризмот, на студенти и на лица до 25 години, како мерка со која ќе се намали одливот на млад кадар во странство – додава Блажевски.

ОРМ ја покрена оваа иницијатива во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...