fbpx

Пелагониски земјоделци блокираат патишта поради платформата на Албанците

-

Пелагониските земјоделци од реонот на Могила бараат партиите на Албанците да се откажат од заедничката платформа како услов за формирање на нова влада.

Четириесетина земјоделци со трактори и со приклучна механизација денеска ја блокираа крстосницата на магистралниот пат Битола – Прилеп, која води кон селата Могила и Црно Буки, за да го искажат својот револт кон заедничката платформа на Албанците.

Според организаторот на протестот, земјоделецот Васко Јосифовски, револтот кај нив бил голем од условите и од барањата кои се вметнати во заедничката платформа на Албанците и затоа сакале јавно да ги повикаат партиите од албанскиот блок да се откажат од неа.

– Платформата задира директно во националните интереси на Македонија и сметаме дека Албанците треба да се откажат од неа, зошто таа не е добра ни за самите нив – вели Јосифовски.

Тој за утре најавува нова блокада, исто така на прометна крстосница на магистралниот пат Битола – Прилеп.

– Ги повикувам сите земјоделци да ни се придружат, следниот протест да биде помасовен, сечија поддршка ни е потребна, па дури и таа од Зоран Заев – вели Јосифовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...