fbpx

Патниците преживеаја ноќен хорор на Пресека, министерот Јанакиески е незадоволен од „Македонија пат“!?

-

Не сум задоволен од работата на „Македонија пат“, но имам ветување од директорот дека во текот на утрешниот ден, патот од Извор и Пресека па сè до Ботун, кој е критичен, ќе биде прооден за сите возила. Ова синоќа во Охрид го рече министерот за транспорт и врски на Република Македоинија, Миле Јанакиески, откако и самиот од Скопје патувал повеќе од шест часа.

Министерот вели дека патот до Извор е прооден, но сè уште има голем проблем на превојот Пресека. Тој во Охрид, заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, се сретна со претставници на Општина Охрид и со сите надлежни служби задолжени за одржување на патиштата и за справување со зимските услови. Националниот кризен штаб за справување со снежното невреме синоќа заседаваше во Охрид.

Триесетина села во охридско-струшкиот регион сè уште имаат блокирани патишта како резултат на високата снежна покривка. Најкритично е во струшкото село ’Ржаново, каде МВР за денеска најавило евакуација на три возрасни лица. Сè уше има населени места без електрично напојување. Целосна нормализација на системот се очекува до крајот на денов. Без електрична енергија и денеска ќе бидат повеќе села во Дебарца, делови од Струшко и општина Дебар.

– Општина Вевчани, Лабуништа, Октиси и Боровец ќе добијат струја до утре во 14 часот. Половина од населените места во општина Дебрца ќе добијат струја во текот на ноќва, а останатиот дел утре. Охридските села Велмеј и Брежани ќе добијат електрична енергија утре, а Белчишта и Ботун уште вечерва. Поголемиот дел од Дебар веќе има електрична енергија, а мал дел од оваа општина ќе добие струја утре – рече вчеравечер Јанакиески.

– Состојбата во Охрид од синоќа е нормализирана, има редовно снабдување со електрична енергија, како и со квалитетна вода за пиење. Останува уште на електромрежата да се приклучат делови од селото Лескоец, населба Рача и Велестово – рече градоначачникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Министерот Јанакиевски упати јавна благодарност за ангажманот на локалните самоуорави во Охрид и во Струга.

– Сакам да упатам благодарност до градоначалниците Бакрачески и Села за нивниот ангажман, кој претставува пример за соработка помеѓу општините. Упатувам апел до сите локални самоуправи да се вклучат во расчистување на снегот, а тие кои немаат капацитет да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување за да им се помогне – рече министерот Миле Јанакиески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...