fbpx

Откриена нова пештера на Галичица

-

Спелеолозите открија нова, до сега не истражена пештера на планината Галичица. Пештерата била откриена во рамки на првиот спелеолошки камп што во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп и „Ботом тајм“ – Охрид, се одржа овој месец на Галичица.

– Откриена беше нова пропаст во близина на Елшани. Таа не е многу туристичка, малку е ризична за обични посетители, потребна е опрема и добра подготвеност бидејќи внатре има одрони и треба да се внимава – вели Никола Паскали од „Ботом тајм“.

На планината Галичица постојат голем број други пештери кои имаат голем туристички потенцијал кој засега не е искористен. За да се стават во функција на туризмот потребно е тие да се оспособат за посети, односно да се обележат и соодветно да се осветлат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...