fbpx

Денеска ќе се знае добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

-

Денеска напладне, на прес-конференција во 12.30 часот, ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година, на 54. Струшките вечери на поезијата.

Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се книгите „Киноутро“ на Јовица Ивановски, „Слики“ Гордана Михајлова-Бошнаковска, „Се случува вечноста“ на Радован Павловски“, „Година без лето“ од Вилоета Танчева-Златева и „Премостување на мигот“ на Тодор Чаловски.

Авторите на петте книги што влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ вчера, на фестивалот во Струга, го претставија своето творештво, а најдобрата книга ќе биде преведена на англиски јазик.

На програмата на 54. Струшки вечери на поезијата денеска е портретот на минатогодишната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, Вера Чејковска, а ќе се одржи и симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“, со Влада Урошевиќ и Богомил Ѓузел и со Виктор Родригес Нуњес и Зоран Анчевски.

Учесниците на СВП ќе имаат можност да ги разгледаат културните споменици во Охрид, а СВП од оваа година воведоа нова манифестација – поетски митинг на Плоштадот кај споменикот на „Свети Климент Охридски“.

Пред охридската и интернационалната публика, на поетското читање „Созвучја“, дел од творештвото ќе презентираат поетите Висар Жити од Албанија, Филип Хамил од Австралија, Иван Христов од Бугарија и други учесници на СВП.

Во црквата „Св. Софија“, во Охрид, вечер, ќе се одржи поетскиот портрет на годинешниот лауреат на „Златниот венец“, кинескиот поет „Беи Дао, со настап на харфистката Мерсиха Шукри.

На истекот на реката Црн Дрим во Струга ќе се одржат традиционалните „Ноќи без интерпункција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...