fbpx

Османи до Лоазо: Очекуваме конкретни чекори од ЕУ и од НАТО за напредокот на Македонија

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска во Париз со министерката за европски прашања при Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Натали Лоазо, разговараше за евроатлантските интеграции на Македонија, како и за билатералната соработка меѓу двете земји.

Османи ја информирал Лоазо за текот на спроведувањето на планот „3-6-9“ и посочил дека имплементацијата на првиот дел од планот е при самиот крај, односно дека останува да се имплементираат само 20 отсто од мерките и оти веќе се работи на тоа. Тој соопшти дека на првиот круг од локалните избори и според оценките на ОБСЕ-ОДИХР минал мирно и со фер услови за натпревар и изразил надеж дека таков ќе биде и вториот круг.

Вицепремиерот изразил задоволство од досегашната поддршка од Франција за интеграција на земјава во ЕУ и во НАТО, како и за позитивната улога на земјата во интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

– Во согласност со успешното спроведување на обврските од страна на Република Македонија, очекувам и конкретни чекори од Европската Унија, како и од земјите членки на Унијата, кои би биле во насока на зацврстување на европските перспективи на Република Македонија и визибилност во напредокот кон ЕУ и НАТО – истакна вицепремиерот.

Османи ги повторил амбициите на Владата, до крајот на годината, на декемврискиот Самит, да биде отстранета условеноста на препораката, Македонија да добие позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во април наредната година, како и датум за почеток на преговорите до крајот на наредната година. За ова, Османи побарал и конкретна поддршка од Франција, како поддржувач на политиката на проширување на ЕУ, при што посочил дека очекува да ја искористи својата улога во системот на одлучување на Унијата за дополнително да се забрза деблокирањето на процесот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...