Тринаесет лица загинаа, а 16 се повредени во три самоубиствени напади во североисточниот нигериски град Маидугури, соопштија локалните власти.

Како што јавуваат локалните медиуми, нападите ги извршиле жени, кои на себе носеле експлозивни појаси. Првиот напад се случил во ресторан, а набргу потоа и двете жени – самоубијци се саморазнеле, повредувајќи случајни минувачи.

Северниот дел на Нигерија е честа мета на исламистичката група Боко харам, блиска до Исламска држава. Досега околу 20.000 лица загина во нападите на Боко харам, а од почетокот на борбите на нигериската војска со исламистите, односно од 2009 година, околу два милиона граѓани се внатрешно раселени.