fbpx

Обвинителството за организиран криминал го презеде случајот „Мост Око“

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го презело од Основното јавно обвинителство – Скопје, случајот за изградбата на мостот „Око“ во Скопје. Во овој случај осомничени се поранешниот градоначалник на Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ и двајца негови тогашни соработници. Обвинител донел наредба за истражна постапка против тројцата.

Осомничените, во периодот 2009 – 2012 година во постапката за јавни набавки овозможиле изведувачот да се стекне со незаконска користи од 26,6 милиони денари, односно 433.000 евра, на штета на буџетот на општина Центар.

Тодоровиќ и соработниците летово уплатија 433.000 евра на сметката на општина Центар, но тоа не значи крај на нивното кривично гонење, кое сега го презеде Обвинителството.

Случајот почна на 4 јули годинава, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против тројцата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...