Таг: ОЈОГОКК
таг: ОЈОГОКК
Истрага против директорот на Геријатрија, барал 100.000 евра за згрижување на пациент
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) информираше дека е донесена наредба за спроведување истрага против две лица за кривично дело Примање поткуп и помагање при извршување на кривичното дело.
Првоосомничен во случајот е директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, кој се сомничи дека во периодот од 19 март до 8...
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби лабораторија за дигитална форензика
Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска и официјално беше пуштена во употреба лабораторијата за дигитална форензика.
Неопходните хардверски и софтверски компоненти за опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари се набавени со поддршка на Амбасадата на САД, соопштија од ова обвинителство.
Опремата вклучува современи форензички станици за...
Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за останатите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против пет лица во случајот „Грчец“.
Тројца од обвинетите, како припадници на организираната меѓународна криминална група, извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Тие, заедно со други лица, од кои дел се недостапни на органите на прогонот, дел се...
Обвинителството почна предистражна постапка за бегството на Груевски
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) соопшти дека почнало предистражна постапка, поради сомневање дека некои службени лица злоупотребувајќи ја службената положба му овозможиле на Никола Груевски да избега од Македонија.
Обвинителството вели дека одлуката за отворање на предметот е донесена „следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите...
Обвинителство го истражува доделувањето концесија за центрите за дијализа
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека, по допрен глас, отворило предмет за доделувањето на концесијата за центрите за дијализа.
Обвинителството вели ќе ги истражува сомненијата дека постапката била нетранспарентна и во неа индиректно биле фаворизирани правни и физички лица.
„Следејќи ги реакциите на „Нефрон“ – Здружение за бубрежно болни граѓани и написите на одредени медиуми...
Обвинителството за организиран криминал го презеде случајот „Мост Око“
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го презело од Основното јавно обвинителство - Скопје, случајот за изградбата на мостот „Око“ во Скопје. Во овој случај осомничени се поранешниот градоначалник на Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ и двајца негови тогашни соработници. Обвинител донел наредба за истражна постапка против тројцата.
Осомничените, во периодот 2009 – 2012 година во постапката за...
Притвор од 30 дена за екс-градоначалникот на Демир Капија и соработниците
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, почнало истражна постапка против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев и три други лица, за кои вчера извести Финансиска полиција. По барање на ОЈО ГОКК, судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на...