fbpx

НБМ издаде ковани пари „Близнаци“ и „Рак“ за колекционерски цели

-

Народната банка на Република Македонија пушти во оптек уште две ковани пари за колекционерски цели од серијата „Хороскопски знаци“, а станува збор за парите „Близнаци“ и „Рак“, кои чинат 2.700 денари.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21,00 грам, чистота на среброто 19,43 грама, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...