fbpx

Народна банка: И покрај кризата, македонскиот финансиски систем е стабилен

-

Во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност. Ова бил заклучокот на денешната редовна средба во Народната банка меѓу високите претставници од институциите што се надлежни за регулирање и за надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија, информираат од кабинетот на гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

На средбата учестувале претставници на Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Комисијата за хартии од вредност и на Народната банка на Република Македонија.

„На состанокот се разговараше за движењата и за ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија и соодветните супервизорски институции, како и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности. Притоа, се заклучи дека и во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност. Беше разговарано и за напредокот во унапредувањето на регулативата и на стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и со директивите на Европската Унија“, стои во соопштението од кабинетот на Богов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...