fbpx

МВР: Се пропуштаат камионите што чекаа на граничниот премин со Грција

-

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утринава од 9.30 часот почна пропуштањето на тешки товарни возила кои чекаа во меѓупоросторот за влез во Република Грција.

„МВР ги известува граѓаните дека утринава од 9.30 часот од страна на грчките погранични органи на граничниот премин Евзони почна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Република Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни моторни возила, кои чекаат за влез во Грција.

Исто така, Министерството за внатрешни работи известува дека на граничниот премин Дојрани сè уште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...