fbpx

Mигрантите се судрија со полицијата на Идомени

-

Грчката полиција се судрила со околу 300 мигранти и бегалци на грчката граница со Македонија, откако се интензивирале протестите, а илјадници мигранти ги игнорирале грчките владини инструкции да се префрлат во организираните капацитети за сместување.

Грчките власти соопштија дека младите мигранти ја каменувале полицијата, која се повлекла. Никој не е уапсен.

Демонстрантите ја блокираат железничката пруга во изминатите осум дена, барајќи границата повторно да се отвори.

Македонија соопшти дека границата и понатаму останува затворена за сите мигранти, најверојатно до крајот на годинава.

Околу 12.000 лица и понатаму се во камповите и живеат во тешки услови во близина на пограничното село Идомени, иако владата апелира да се префрлат во околниот камп, кој го изгради војската.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...