fbpx

Меркел попушти – бара драстично намалување на бројот на бегалците

-

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека сака „драстично намалување“ на бројот на бегалците што доаѓаат во Германија, сигнализирајќи компромис со внатрепартиските критичари на нејзината политика на отворени врати.

Меркел се спротистави на притисокот и одби воведување горна граница за прифаќање бегалци, што го бараа одредени членови на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ), но ја прифати „загриженоста на луѓето за иднината“.
– Сакаме да го намалиме, сакаме драстично да го намалиме бројот на лицата што доаѓаат кај нас – рече Меркел за АРД.

Странските агенции јавуваат дека во ЦДУ постои загриженост поради падот на популарноста на канцеларката. Критичарите сакаат намалување на бројот на бегалците што доаѓаат пред изборите во три сојузни држави, закажани за март следната година. Тие сметаат дека бранот бегалци може да ги намали шансите на Меркел за освојување четврти мандат во 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...