fbpx

Почнува имплементациската фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен

-

В среда, на 16 декември, со организирање на почетниот состанок во Тирана, почнува имплементациската фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен, финансики поддржан од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

На состанокот, од македонска страна, ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и за просторно планирање, Стево Темелковски, а презентација за проектот ќе одржи  Дејан Пановски, еден од иницијаторите на дримскиот процес.

Проектот почнува со имплементацијата на петте негови компоненти: консолидација на зедничкото знаење во басенот за заедничка анализа и надзор, изградба на основа за заедничко управување и подготвување стратегиски план за басенот, институционално зајакнување за формирање заедничка дримска комисија.

Исто така, ќе има демонстрација за технологии и за практики преку пилот-проекти во басенот, односно инволвирање на јавноста во донесување на одлуките и подигнување на јавна свест.

 Почетокот на имплементација на проектот на ГЕФ за Дримскиот басен доаѓа по многу работа и верба во визијата за нашиот регион. Меѓународните институции ја препознаа таа визија и го поддржаа проектот. Ова ќе биде најголем предизвик од сите досегашни процеси на кои сме работеле, но навикнати сме веќе да сме пионери во управувањето со водените ресурси во нашиот регион. Придобивките одат во правец на еколошка заштита во басенот, размена на податоците од надзорот од сите страни,  мерки против поплави, заштита на екосистемот преку пилот-проекти, подготвување на заеднички план за управување кој ќе го подобри управувањето, особено на Охридско Езеро, како основа и промоција на басенот како туристичка атракција. Ова е еден од најголемите резултати на долгогодишната работа – вели Дејан Паноски. 

Проектот за Дримскиот басен поддржан од ГЕФ  доаѓа како логично продолжение на охридската декларација за Дрим, на процесот почнат во 2009 година и на потпишаниот меморандумот за заедничка визија од страна на петте држави, потпишан во 2011 гoдина што е рамка на целиот процес.

Во проектот за Дримскиот басен ќе учествуваат Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово и Грција како партнер.

Носители на активностите се министерствата надлежни за животна средина од сите инволвирани држави. Предвидено е во активностите на проектот да учествуваат голем број надлежни институции, локални самоуправи, невладин сектор и други интересенти од Дримскиот басен. Проектот е предвидено да трае четири години и за него ГЕФ одвои вкупни 5,5 милиони долари, кои ќе се имплементираат преку надлежните министерства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...