fbpx

Меј му порача на Трамп „да се чува од Путин“

-

Британската премиерка Тереза Меј е првиот странски лидер што пристигна во официјална посета на новиот американски претседател, Доналд Трамп.

Шегувајќи се дека „спротивностите се привлекуваат“, премиерката го повика Трамп да ги обноват „посебните односи“ на Велика Британија и на САД и заеднички да го водат новиот свет.

Сепак, таа го предупреди Трамп „да се чува од Владимир Путин“, пренесува „Индипендент“.

– Пред нашите земји е одговорноста да водиме. Затоа што ако другите напредуваат додека ние се повлекуваме, тоа е лошо за САД, за Велика Британија и за светот – рече Меј во своето обраќање на собирот на Републиканската партија во Филаделфија.

– Двете земји имаат долга традиција, рамо до рамо, да ги бранат заедничките вредности и да ги поддржуваат институциите како што се Обединетите нации и НАТО – рече Меј, додавајќи дека на некои од овие институции им е потребна реформа за да бидат релевантни.

Таа истакна дека нови предизвици со кои треба се соочат е порастот на азиските сили, кои би можеле да го „засенат Западот“, заканата од исламскиот тероризам и зајакнувањето на Русија.

– Кога зборуваме за Русија, понекогаш е мудро е да се потсетиме на изјавата на претседателот Роналд Реган, кој додека преговарал со Горбачов, велел „Верувај, но провери“. Така и со Путин, ангажирајте се, но чувајте се – рече Меј.

Меј навела дека соочувањето со новите предизвици не значи враќање на неуспешните политики од минатото затоа што поминале времињата кога Британија и САД интервенирале во суверени држави во обид да го преобликуваат светот според сопствената замисла. Сепак, таа истакна дека не смеат да си дозволат мирно да стојат настрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...