fbpx

Мајлинда Брегу: Слушајте ги жените

-

Слушајте ги жените, порача денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, изнесувајќи податоци според кои, кај жените е клучот на економскиот просперитет на Западен Балкан.

„Секоја година економиите од Западен Балкан во просек изгубиле 18 проценти од домашниот бруто-производ БДП поради родовиот јаз на пазарот на трудот – што е повеќе од вкупниот БДП на Србија. Жените се уште се борат да постигнат економска сигурност. Точно е дека жените заработуваат повеќе од мажите, но сепак само две од пет жени на Западен Балкан имаат работа или се уште ја бараат. Стапката на вработеност кај жените во регионот изнесува 43,2 проценти.„Ние“ е нашата порака до жените денес, „ние“, ќе продолжиме секаде во регионот“, изјави Брегу во специјално обраќање по повод 8 Март.

РСС е оперативно меѓувладино тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј полноправен член и основач е и Република Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...