Лажен „Форбс“ сајт ги измами Албанците за најбогатите сограѓани


       
Тирана, 5 септември, 2018 - 16:25 (META) 

Денеска голем број он-лајн медиуми во Албанија пренесоа информација, атрибуирана на „Форбс“ во која се набројуваат кои се 10. најбогати Албанци.

Сепак кога ќе се отвори сајтот на „Форбс“ ниту еден Албанец не фигурира меѓу 100 најбогати во светот, а нема никаков текст за Албанија.

По се изгледа он-лајн порталите се повикуваат на непознат сајт кој тврди дека е „Форбс“, па дури и нивната адреса е http://www.forbes10.com.

Сепак, во врска со содржината (за 10. најбогати Албанци) таа е преземан од минатогодишната студија од Европскиот институт „Пашко“ од Тирана која нема податоци каква е сега состојбата.

no info for Albanias rich by Forbes