fbpx

Каркабасис: Единствениот начин да се спречи дестабилизација на Балканот е негово интегрирање во ЕУ

-

Првиот човек на Академијата за дипломати на грчкото Министерство за надворешни работи, амбасадорот Пантелис Каркабкасис, смета дека Европска Унија мора да продолжи со напорите за интеграција на државите од Западен Балкан во европското семејство. Поранешниот грчки амбасадор истакна дека е во интерес на Грција и на Европа целиот Западен Балкан да стане неразделив дел од ЕУ и од НАТО. Каркабасис говореше за иднината на регионот на дебатата „Западен Балкан како проблем и перспектива“, организиран од граѓанската невладината организација „Аксиотис“ во Атина.

Според Каркабасис, порастот на национализмот и на исламистичките закани од исток се двата клучни загрижувачки елементи поради кои ЕУ не треба да заборави на Балканот, туку да продолжи да се ангажира во насока на интеграција на државите од регионот во европското семејство. Ситуациите, како инцидентот на фудбалскиот меч меѓу Србија и Косово, за Каркабасис се потврда дека Балканот и натаму е како буре барут, кое може да експлодира и да направи проблем во Европа. Проблематични за него се и непризнавањето на уставното име на Македонија и статусот на Косово, поради што оценува дека во овие држави постојано тлее опасноста да дојде до националистички судири во секој момент.

„ЕУ и НАТО треба да продолжат да работат за стабилноста и за одржување на мир во регионот. Во овие рамки, Грција, поради нејзината географска позиција, треба да продолжи на политичко, дипломатско и на економско ниво да биде присутна во државите од Западен Балкан, независно од отворените прашања кои постојат во врските со држави како Албанија, Скопје и Турција“, истакна Каркабасис на дебатата.

Првиот човек на Академијата за дипломати посочи дека Балканот е лесна мета за исламскиот екстремизам и погодно тло за ширење исламистички идеи.

„Исламскиот екстремизам е веќе присутен во Турција, поради што се олеснува начинот на негово ширење во државите од Западен Балкан преку финансирање националистички групи во балканските држави. Приемот на државите од Балканот како членови на европското семејство е единствен начин за контролирање на ситуацијата“, подвлече Каркабасис.

Грчкиот дипломат забележа дека Грција треба да продолжи да работи во насока да остане фактор на стабилност во регионот. Иако поради финансиската криза грчките дипломатски крилја се скратени, сепак посочи дека се работи на тоа да се одржуваат добри односи со сите балкански држави. Најефективниот начин за одржување на добрите врски, според него, и натаму се економските инвестиции и присуство.

„Приватните инвестиции се покажуваат како најгенијалниот дипломат, како што може да се види од присуството на грчки компании во државите од Западен Балкан“, забележа Каркабасис на дебатата.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...