fbpx

Камерон и Брисел постигнаа договор за „специјален статус“ на Велика Британија во ЕУ

-

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон и Европската унија постигнаа договор за останување на земјата во унијата, кој, како што соопшти синоќа претседателот на Евроскиот совет, Доналд Туск бил едногласно поддржан од сите 28 членки на ЕУ.

„Постигнат е договор. Едногласна поддршка за новиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ“, напиша Туск на својот твитер-профил.

Претседателот на Европскиот совет навел дека, според него, станува збор за избалансиран и фер компромис, кој е прифатлив за сите.

Камерон, како што пренесуваат светските агенции, изјавил дека со договорот на Велика Британија и се дава специјален статус во рамките на ЕУ. Британскиот премиер денеска, според најавите, ќе го претстави договорот пред владата, која треба да го прифати.

„Постигнав договор со кој на Британија и се дава специјален статус внатре во Унијата. Во сабота ќе го претставам пред кабинетот“, напишал Камерон на „Твитер“.

Според договорот, Британија добива специјален статус во врска со натамошните политички интеграции во У„нијата како и фер третман околу финансиските и економски аранжмани меѓу земјите од еврозоната и членките на ЕУ кои се надвор од неа.

Покрај тоа, пренесуваат агенциите, Британија ќе има право на работниците кои ќе дојдат да работат на островот да им ја ускрати социјалната помош и бенефициите во првите четири години, односно се додека тие не почнат да придонесуваат во финансирањето на системот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...