fbpx

Јункер: ЕУ не смее да попушти пред барањата на Британија

-

Европската Унија мора да биде непопустлива кон барањата на Велика Британија кога станува збор за условите за нејзиното излегување од ЕУ, рече денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Не може со една нога да бидете надвор, а со друга внатре. По тоа прашање мора да бидеме непопустливи – рече Јункер на конференција во Париз, предупредувајќи ја Британија дека ризикува да „погази сè што има изградено“ за шест децении европска интеграција.

Реакцијата на Јункер доаѓа по вчерашната изјава на британската премиерка Тереза Меј, која рече дека сака договор кој на Британија ѝ нуди „максимална слобода“ да дејствува на европскиот единствен пазар, но, од друга страна, и да ја задржи контролата врз имиграцијата.

Таа најави дека ќе ги почне преговорите со Брисел за Брексит кон крајот на март.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера ја предупреди Британија дека ќе мора „да ја плати цената“ за својата одлука за напуштање на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...