Караџовски: Изјавите на Јанева се неетички, нецивилизирани и некултурни

-

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска посвети поголем дел од изјавата за медиумите за настапите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во врска со работата на судовите. Тој за изјавите на Јанева рече дека се крајно неетички, нецивилизирани и некултурни, посочувајќи ја нејзината изјава дека СЈО води истраги за судии во Управниот суд.

– Тоа е конкретно напаѓање на еден суд и е директно во функција на уривање на тој суд и на целото судство. Крајно неетички, нецивилизирано и некултурно е така да се изјавува – рече Караџовски.

Тој додаде дека неговата намера, како претседател на Судскиот совет, не е да конфротира други државни органи, но неговата забелешка, вели, дека е ненамерна, бидејќи во ова време некои структури сакаат на судството да му импутираат дека фаќа некаква политичка страна.

Караџовски изјави дека додека бил судија-кривичар, ниту еден обвинител не го навредил како што Јанева сега ги навредува сите судии во Република Македонија.

– Дури за време на интервју на една телевизија со национална концесија оваа недела, Јанева кажа за некои судии дека „можеби не се ни луѓе, а да не разговараме за нивниот морал“. Тоа е недозволиво за еден функционер, а не, пак, за еден обвинител затоа што постои кодекс на судска етика и има кодекс на јавнообвинителска етика – рече Караџовски.

Претседателот на Судскиот совет нагласи дека секој мора да ги почитува законите и дека тоа важи и за сите обвинителства во Македонија, како и за судовите. Доколку некој ги прекршил Законот за кривична постапка и Кривичниот законик, треба да одговара соодветно, дисциплински или кривично.

– Мојата намера е да има соработка и понатаму за секое обвинение за кое постојат докази дека некој сторил кривично дело, тој мора да биде осуден, меѓутоа да биде почитуван Законот за кривична постапка и правата на сите обвинети во постапката – вели Караџовски.

Во контекст на изјавите на Јанева за истрагите што се водат за судии во Управниот суд, тој нагласи дека според судската и јавнообвинителската етика, тоа што го имаат како доверлив материјал се користи во нивната работа, а не се изнесува во јавност.

На новинарско прашање дали од СЈО до Судскиот совет пристигнала некаква преставка околу незаконитости на судските постапки, Караџовски изјави дека досега, иако имало таква изјава од Јанева, до Судскиот совет не пристигнала никаква претставка, информација или известување.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...