fbpx

Јанакиески го прашува СЈО зошто ги повредило неговите права на приватност

-

По одлуката на Апелацискиот суд Скопје, со која ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“, со писмо до јавноста, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е обвинет во дава случаи, обвини дека СЈО ги прекршило неговите права на приватност со тоа што побарало прислушуваните разговори од него да се користат како доказ.

Јанакиески смета дека врз него се врши политичка дискриминација.

„Скандалозно тврдејќи дека за мене и за моето семејство не може да важат одредбите од Европската конвенција за човекови права, Уставот и законите во Република Македонија кои го штитат правото на приватност и семеен живот само затоа што сум бил министер и вршев функција преку која со мојот тим оставив бројни мерливи и видливи проекти зад себе, СЈО направи уште една повреда на моите права како граѓанин, вршејќи политичка дискриминација врз мене“, пишува Јанакиески.

Тој во писмото реагира и што Апелацискиот суд одлучувал за жалбата на СЈО без негово присуство. Исто така, претпоставува дека Специјалното јавно обвинителство поседува дури 100.000 разговори од него и од неговата сопруга.

„Иако од нив никогаш не сум добил официјално известување колкав е обемот на материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации за кои тврдат дека се мои, по моја слободна проценка врз основа на јавно објавените податоци од СЈО, најверојатно се работи за повеќе од 100.000 разговори во кои спаѓаат и разговори на мојата сопруга, која користи еден од телефонските броеви за кои СЈО вели дека биле незаконски прислушувани. Би ги запрашал претставниците на СЈО, зарем не е повреда на правото на приватност и семеен живот прислушувањето на моите и на разговорите на мојата сопруга, направено надвор од каква било законска процедура?“, прашува поранешниот министер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...