fbpx

Иванов: Македонија останува посветена на патот кон НАТО

-

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс.

На средбата беа разменети мислења и информации во однос на македонските евроатлантски интеграции, учеството на АРМ во мировните мисии предводени од НАТО, како и за унапредувањето и за продлабочувањето на натамошната соработка на Република Македонија со Северноатлантската алијанса.

Претседателот Иванов изрази задоволство од соработка на Република Македонија со НАТО, при што оцени дека односите се на исклучително високо ниво и додаде дека нашата држава останува цврсто посветена на промовирање на мирот, безбедноста и на стабилноста како во нашиот регион, така и надвор од него. Македонскиот претседател, во тој контекст, го истакна учеството на АРМ во мировните мисии на НАТО и додаде дека истото ќе продолжи и во иднина.

– Република Македонија останува целосно посветена на аспирациите за членство во НАТО, за што веќе се исполнети сите објективни критериуми и ние де факто функионираме и придонесуваме како земја-членка на НАТО. Потребно е што побргу Република Македонија да си го заземе заслуженото место во алијансата – рече претседателот Иванов на средбата.

Генералот Бартелс изрази благодарност за придонесот што АРМ го дава во рамките на меѓународните мировни мисии, како и од нивниот професионализам и кооперативност во мисиите на ИСАФ во Авганистан и КФОР. Во тој контекст, генералот Бартелс изрази подготвеност за натамошна засилена поддршка и соработка со Република Македонија, како и за проширување на соработката со нови иницијативи и проекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...