fbpx

Италијанските власти спасуваат имигранти од бородот „Езадин“

-

Италијанските воздухопловни сили спроведуваат акција за спасување на неколку стотоци имигранти од трговскиот брод без екипаж кој трговците со луѓе го оставиле во Медитеранот. Еден од имигрантите од бродот „Езадин“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, испратил порака во која вели дека бродот се движи кон италијанското крајбрежје, нема екипаж и нема кој да го управува.
Воздушната база во Јужна Италија испратила хеликоптер, а во акцијата се вклучени и крајбрежната стража и медицинската екипа. Бродот, во моментот е оддалечен 60 километри југоисточно од брегот и на него се наоѓаат околу 450 имигранти.

Пред два дена италијанските морнари го пресретнаа бродот „Блу скај ем“ кој пловел под молдавско знаме и на кој се наоѓале најмалку 700 имигранти, поголемиот број од Сирија. Бродот претходно бил напуштен од трговците со луѓе кои го управувале од Турција кон водите на Грција. Избегната е голема несреќа откако шест припадници на морнарицата успеале со хеликоптер да се спуштат на бродот и да го стават бродот под контрола. Помеѓу имигрантите имало 60 деца и две трудни жени, а поголемиот дел од нив имале хипотермија и скршеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...