fbpx

Груевски: На сестринските партии во Берлин им објаснивме за состојбата во Македонија

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска по средбата со Андреас Шојер, генерален секретар на Христијанско-социјална унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, изјави дека во Берлин отишле за на сестринските партии да им ја објаснат состојбата во Македонија.

„Во пресрет на изборите, сакавме да ги објасниме сите работи што се случуваа во минатото, оние што се случуваат сега и оние што очекуваме да се случат во иднина во Македонија, пред сè во правец на излез од политичката криза и во правец на организирањето на изборите, а секако и во правец на зајакнување на односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашите сродни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, како и во еден поширок контекст на подобрување на односите помеѓу Германија и Македонија. Овие денови ќе имаме бројни средби за кои ќе информираме за состојбите во Македонија, за реформите кои се прават и тие што следуваат, за чекорите што треба да се случат за земјата да оди напред кон европските и евроатланските интеграции и кон сите оние значајни прашања што им се предмет на интерес“, изјави Груевски.

Груевски заедно со делегација од партијата, во наредните три дена ќе се сретне со германски политички и стопански претставници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...