fbpx

Германија и Франција ќе го зајакнуваат еврото

-

Германија и Франција се договорија за заедничка позиција за реформи на еврото најдоцна до јуни, и покрај германската колебливост во врска со поголема монетарна унија. Ваквиот став е договорен при вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин. Макрон претходно ги прифати идеите на Европската Комисија (ЕК) за создавање заеднички систем за гарантирање на депозитите, ЕУ фонд за спасување, како и буџет на Еврозоната и министерство за финансии.

Реформите се чекори кои треба да покажат дека ЕУ може да живее политички и без Обединетото Кралство и да спречи повторување на финансиска криза како таа од 2008 година.

Сепак, Германија е сè уште колеблива во поглед на финансирање од својот буџет на ваквите крупни зафати. И покрај ентузијазмот на францускиот претседател, кој повика на финансиска стабилност и опсежно зборуваше за реформите, Меркел беше поповлечена.

– Секогаш има различни појдовни точки кога станува збор за ставовите на Германија и Франција. Потребни ни се отворени дебати и ни треба подготвеност за компромис – рече таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...