fbpx

Франкфурт: Уапсени 350 демонстранти

-

Германската полиција уапси околу 350 лица поради немирите што избија на протестите против мерките за штедење, организирани на отворањето на главното седиште на Европската централна банка.

Организаторите тврдат дека околу 10.000 демонстранти учествувале на протестите, за време на кои се повредени 88 полицајци, а запалени се десеттина полициски возила.

Новата заграда на ЕЦБ е опколена со полициски барикади и со бодлива жица.
Групата што го организира протестот, „Блокупи“, сака да предизвика максимални немири во пресрет на церемонијата на отворање на седиштето на Европската централна банка и со тоа да го привлече вниманието за улогата на ЕЦБ во подготвување мерки за штедење во еврозоната, што тие го сметаат за промоција на капиталистичкиот систем.

Насилните протести го натераа транспортниот систем на Франкфурт да го укине главниот градски трамвајски сервис, а повеќе вработени во ЕЦБ биле принудени да работат од дома.

ЕЦБ, заедно со Меѓународниот монетарен фонд и со Европската комисија, ја претставува „тројката“ задолжена за осигурување стриктна примена на финансиските правила во еврозоната. Поради мерките на „тројката“, членките на еврозоната мораа да направат буџетски кратења, да воведат строги мерки на штедење и да применат тешки економски реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...