Ердоган тврди дека е на иста бранова должина со Трамп


       
Анкара, 28 ноември, 2017 - 14:31 (META) 

Првпат по долго време, лидерите на Турција и на САД беа на иста бранова должина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи го неодамнешниот телефонски разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп.

Говорејќи пред пратениците на својата Партија за правда и развој, Ердоган рече дека во следните денови ќе продолжат разговорите со Трамп за прашања како што се курдските борци од Сирија, кои Турција ги смета за терористи, како и за мрежата на приврзаници на Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за минатогодишниот неуспешен државен удар.